Потпретседателот на Милан Адријано Галијани денеска изјави дека неговиот клуб предводен од напаѓачот Марио Балотели има потенцијал да се најде во финалето од Лигата на шампионите.
– Имаме голем напаѓач со име Марио Балотели и со него можеме да се надеваме на пласман во финалето на Лигата на шампионите, рече Галијани. Тој ги потврди информациите дека во Милан останува и Стефан Ел Шарави.
– Ел Шарави е апсолутно наш играч. Тој може да биде спокоен околу тоа, а интересот за него од големите европски екипи само покажува колку е тој квалитетен, заврши Галијани.
Милан сезонава во Серија А го освои 3.место и ќе игра квалификации за влез во Лигата на шампионите.