Гачевски: Да направиме голем резултат и за нас и за Македонија

Од:

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар денеска го имаа последниот тренинг во Скопје пред гостувањето во Норвешка во рамките на 2.коло од Лига Европа. Вардар ќе игра против норвешкиот првак Розенборг.

– Знаеме дека ќе имаме тежок натпревар.Воедно ќе играме трет натпревар против скандинавска екипа оваа сезона, по дуелите со Малме и со Копенхаген, сега на ред е Розенборг. Мислам дека со Розенборг немаме што да изгубиме. Со пласманот во Лига Европа направивме голем успех и се што ќе постигнеме е голем плус и ќе се обидеме да направиме добар резултат и за нас и за Македонија и очекувам да се гордееме сите заедно, изјави голманот на „црвено-црните“ Филип Гачевски.

Во првото коло од групата ЛВардар загуби дома од Зенит со 5:0, додека Розенборг беше поразен на гостувањето кај Реал Сосиедад со 4:0. Дуелот Розенборг – Вардар се игра во четврток со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска