Фудбалерката на ЖФК „Борец“ Елма Шемсовиќ најдобар спортист на Велес за 2021 година

Од:

На 62-то издание на традиционалната манифестација „Избор на најдобар спортист и екипа на Велес за 2021 година“, во организација на Сојузот на спортови, а под покровителство на Советот на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев синоќа во големата сала на Општина Велес беа прогласени најуспешните спортисти и спортски работници во Велес. За најдобар спортист на Велес за 2021 година е прогласена фудбалерката на ЖФК „Борец“ Елма Шемсовиќ.

Како што информираат денеска од Општина Велес, манифестацијата ја отвори претседателот на Сојуз, на спортови на Велес, Ангел Љутков кој истакна дека и во услови на пандемија велешките спортисти постигнуваат врвни резултати.

Наградувањето на најуспешните започна со доделување на признанијата на претставниците на училишниот спорт на ООУ „Васил Главинов“ и Гимназија „Кочо Рацин“.

Најпрестижното признание „Спортист на годината за 2021 година“ и се додели на Елма Шемсовиќ, фудбалерка на ЖФК „Борец“ за врвни резултати во овој спорт.

Годинава признанија се доделија на спортските манифестации кои се реализираа во текот на 2021 година како што се Ноќна атлетска трка „9 Ноември“, Велешки пливачкиот маратон, Ендуро трка – Мото клуб Велес.

Посебни признанија годинава се врачија на планинарот Тодорче Ѓеорѓиев, на Горан Јовановиќ од Хемо мак и Иван Костов од Кеги моби, на Анѓел Мицев Скакар за боречки вештини и на Дарко Николов од ГОК Борец.

За најуспешни судии прогласени се Маја Војдиновска – карате и Бошко Нацев – Кајак Бабуна.

Во категоријата екипно млади третото место му припадна на Карате клуб Гладијатор, второто место на машкиот ракометен клуб Борец и првото место на Кајак кану клуб Вардар.

Во категоријата екипно сениори третото место му припадна на женскиот фудбалски клуб Борец, второто на Кајакарски клуб Бабуна и првото на градскиот одбојкарски клуб Борец.

За тренер на млади категории за 2021 година признанието го доби Боби Војдиновски од КК Гладијатор, додека од сениорите Сашко Ванчевски од МВК Велес.

Признанија добија и најуспешните млади спортисти за 2021 како и сениорите во сите категирии.

Би можело да ве интересира

Подобрa e состојбата на бебето најдено во центарот на Велес

A1on

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

Полициски кучиња нашле дрога и оружје во Велес – уапсени тројца дилери

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Фудбалерка го соблече дресот во финалето на Лигата на шампиони откако ја донесе титулата на Барселона

Четворица меѓу кои и седумгодишно дете залутале на опасен терен меѓу Кожле и Велес, во тек е спасувачка акција