Фудбалерите на Шкендија иако во реванш дуелот против се молдавската Дачија ќе влезат со висока предност од 3-0 остварена на првиот меч од квалификациите за Лига Европа, сепак со доза на претпазливост го исчекуваат утрешниот натпревар.
Тетовчани во Молдавија пристигнаа со висока предност од 3-0, но и тренерот Османи и капитенот Хасани велат дека против нив ќе се натпреварува квалитетна екипа, која не смее да се потцени.
– Сигурно дека нема да биде лесно, иако носиме предност од 3-0. На првиот меч Дачија докажа дека е квалитетен тим и знае што сака на терен. Ни преостануваат уште 90 минути и од фудбалерите ќе барам да бидат максимално фокусирани, да ги одработиме на најдобар можен начин, затоа што секоја деконцентрација може да биде и кобна за нас. Рецептот се знае, мораме да ја повториме играта од Струмица, изјави Ќатип Османи тренерот Шкендија на официјалната на прес-конференцијата одржана во Кишињев.
И капитенот Ферхан Хасани го дели мислењето на својот тренер, потенцирајќи дека Дачија нема лесно да се предаде и дека молдавскиот тим ќе се обиде уште во раниот период на мечот да постигне гол.
– Сигурно дека Дачија нема да се предаде и ќе сака брзо да го отвори резултатот. Знаеме од каде демне опасноста. Нема да биде лесно и затоа треба да ја повториме добрата игра од првиот натпревар, изјави Хасани.
Дуелот во Кишињев, меѓу Дачија и Шкендија кој е во рамките од првото квалификациско коло ќе се игра утре со почеток од 16 часот.