Фудбалер на Севиља е заразен со коронавирус

Од:

Шпанскиот фудбалски клуб Севиља објави дека еден од неговите фудбалери е заразен со коронавирус, јавуваат шпанските медиуми.

Клубот од Андалузија не го откри името на фудбалерот, но изјави дека нема симптоми и дека се чувствува добро во изолација во својата куќа.

Резултатот од тестот беше откриен во понеделникот, кога беа известени надлежните, по што тренинзите на тимот беа суспендирани.

Просториите на клубот беа дезинфицирани во согласност со протоколот за заштита од коронавирус.

Севиља ќе игра против Рома во осминафиналето од Лигата на Европа на 6 август.

Би можело да ве интересира

Роберто Баџо претепан и ограбен во својата вила додека гледал фудбалски натпревар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фудбалер на албанскиот клуб Игнатија почина на терен

Горан Наумовски

Издаден налог за апсење на познат фудбалер

Предраг Петровиќ

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Короман доби забрана да и се приближува на поранешната девојка

Горан Наумовски

Фудбалерите на Лас Палмас се изгубија на аеродром и доцнеа на летот за Севиља

Горан Наумовски