Малолетен фудбалер (17) колабира и почина на теренот

Од:

Младиот фудбалер Кејлен Денис (17) почина на натпревар на неговиот клуб Волтамстоу на нисколигашките терени во Англија, соопштија од клубот.

На натпревар на селекцијата до 23 години, тој ненадејно колабирал и покрај реакцијата на лекарскиот тим, набрзо починал.

Тој е роднина на многу попознатиот напаѓач Рајан Брустер, кој настапува за Шефилд Јунајтед и нему му го посвети голот што го постигна претходната вечер.

– Бевме разочарани кога дознавме дека Денис починал за време на натпреварот. Испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, соиграчите и сите што го познаваа – објави Волтамстоу.

Во продолжение погледнете како Брустер му го посвети голот на својот братучед.

Би можело да ве интересира

Почина боксерската легенда Џорџ Форман

Катерина Ѓуровски

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство

Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски