„Франс фудбал“ ќе доделува „Златна топка“ и за жени

Од:

Француското издание „Франс фудбал“ оваа година ќе додели награда „Златна топка“ како за најдобар фудбалер, така и за најдобра фудбалерка на годината.

– Женскиот фудбал е просперитетна и брзорастечка дисциплина и заслужува исто почит како и машкиот фудбал, вели Паскал Фере, главниот и одговорен уредник на изданието.

Листата на 15 кандидати за наградата ќе биде објавена на 8-ми октомври. На гласањето ќе присуствуваат новинари од многу земји, кои се специјализирани за женски фудбал. Церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ ќе се одржи на 3 декември во Париз.

Покрај тоа, „Франс фудбал“ формираше награда за најдобар млад фудбалер (до 21 година), наречен „Трофеј Копа“. Наградата е во чест на поранешниот репрезентативец на Реал Мадрид, Рејмон Копа, кој беше првиот француски фудбалер кој ја освои „Златната топка“ во 1958 година. Копа почина во март 2017 година на возраст од 85 години.

Изданието ја основаше наградата „Златна топка“ во 1956 година. Првиот добитник на наградата е Стенли Метјуз (Англија). Рекордери со по пет награди се аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси и португалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) врачува награда за најдобра фудбалерка од 2001 година. За првпат, наградата ја освои Американката Миа Хам и пет трофеи (помеѓу 2006 и 2010 година), освои бразилската напаѓачка Марта.

Би можело да ве интересира

Новитети во доделувањето на „Златната топка“

ВИДЕО: Меси горд на рекордната седма „златна топка“

Ана Ололовска

Бензема: Се надевам дека ќе ја добијам Златната топка

А1он

Полската фудбалска федерација стравува дека Златната топка ќе ја освои Меси, а не Левандовски

Ана Ололовска

Церемонијата на доделување на „Златната топка“ на 29 ноември во Париз

А1он

Номинациите за наградата „Златна топка“ на 8 октомври

А1он