Нешто повеќе од една третина на Французите кои ќе го следат Светското фудбалско првенство во Бразил или 37 отсто, изјавиле дека се подготвени да се обложат на екипата на „триколорите“, но тоа не значи дека тие мислат оти француската селекција ќе биде светски шампион, јави дописникот на МИА од Париз.
Анкетата спроведена од француската лотарија ПМУ, покажува дека играчите на среќа се подготвени да вложат за евентуална победа или постигнат гол, но тоа не значи дека повеќето од нив се подготвени да се обложат на шампионска титула за Франција.
Над половината од Французите или 52 отсто велат дека ќе се обложуваат поради задоволство или страст кон спортот, 35 проценти за да заработат пари, а 18 остот од желба да ги победат другите.
Според истото испитување, дури 62 отсто од анкетираните Французи изјавиле дека ќе го следат настапот на француските „триколори“ во Бразил.
Според ПМУ, коефициентот за шампионска титула за Бразил е 3,4, за Аргентина 5,0, за Германија 5,4. Актуениот светски шампион Шпанија е на четвртата позиција со коефициент 6,50, а веднаш по не е Франција.