Французите го повикаа Никола Kарабатиќ

Од:

Никола Kарабатиќ, францускиот ракометар кој имаше проблеми со аферата околу местење резултати на Монпелје, е повикан да се врати во репрезентацијата на триколорите и треба да настапи на квалификацискиот натпревар за ЕП против Турција в недела.

Kарабатиќ, кој речиси и да нема титула што не ја освоил, беше повикан од селекторот на триколорите Kлод Онеста да игра во Турција, иако поради аферата го пропушти првиот меч од квалификациите против Литванија. Претходно тој беше рехабилитиран и во својот клуб Монпелје.

Целата афера за местењето беше околу натпреварот на Монпелје против Сесон-Рен на 21 мај. Шампионот Монпелје, јак фаворит на овој меч, сепак изгуби со 28-31. Kарабатиќ и уште неколку ракометари беа инволвирани во обложување против својот тим.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ