Француските прволигаши со вечерашниот натпревар меѓу Анже и Нант, ќе го почнат 18. коло од Лига 1.
Двата тима се во серија лоши резултати и на последните пет натпревари имаат освоено по само два бода. Анже се наоѓа на 12. место со 19 бодови, додека Нант е претпоследен (19. место) со 13 бодови. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот.
На другите натпревари од ова коло, што се играат викендов, двојките се: Генгамп – ПСЖ, Каен – Мец, Лориен – Сент Етиен, Монпеље – Бордо, Рен – Бастија, Тулуз – Нанси, Ница – Дижон, Олимпик Марсеј – Лил и Монако – Олимпик Лион.
Табела: Ница 40 бодови, Монако 39, ПСЖ 36, Олимпик Лион 28, Рен 27, Генгамп 26, Тулуз 25, Сент Етиен 25,…