Француски медиуми: Монако систематски ги прекршува трансфер правилата

Од:

Според француското издание „Медијапарт“, Монако во неколку наврати ги нарушил правилата за трансфери, кои се наметнати од Француската фудбалска федерација. Прекршоците се однесуваат на провизии, платени од клубот на агенти.

Според важечките правила, агентот не може да добие повеќе од 10 отсто од вредноста на трансферот. Во 2014 година адвокатот на Монако Даниел Бик, тврди дека го предупредил потпретседателот на клубот Вадим Василеев дека давачките за неколку трансфери надминуваат 10 отсто и ќе биде потешко да се сокријат овие факти во иднина. Сепак, според весникот, оваа практика не престанала.

На овој начин, агентот Жан-Марк Гојран, кој е близок до принцот Алберт, актуелниот кнез на Монако, добил провизија од 480.000 евра за трансферот на дефанзивецот Николас Исим-Мирен и уште 150.000 како бонус за трансфер.

Официјално, овој бонус е префрлен на друг трансфер, што дозволило правилото да се заобиколи. Друг агент, Филип Ламболи добил 400 илјади евра „за составување на листа со 20 играчи“ (потенцијални новодојденци).

Всушност, тоа било таксата за трансферот на Антони Марсијал. Слични нешта се случиле и при други зделки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Монако го купува Минамино

А1он

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска