Франција подобра од Германија во Минхен, домаќините потклекнаа со автоголот на Хумелс

Од:

Франција триумфираше вечерва над Германија на „Алијанц Арена“ во Минхен со минимални 1:0 (1:0) во последниот натпревар од првото коло во групната фаза на ЕУРО2020.

Победата на Французите, кои никогаш досега не загубиле воведен натпревар на Европските првенства, им ја донесе Германец – Матс Хумелс, кој постигна автогол во 18 минута.

Франција беше блиску до удвојување на предноста во 52 минута кога обидот на Адријан Рабио заврши во стативата, а набрзо потоа Серж Гнабри на спротивната страна пропушти колосална шанса за израмнување на резултатот.

Килијан Мбапе и Карим Бензема во завршните 25 минути ја сместија топката во германската мрежа, но и двата гола беа поништени поради офсајд.

ЕУРО2020 продолжува утре со воведниот натпревар од второто коло во групата Б меѓу Финска и Русија (15 часот), по што ќе се комплетира второто коло во групата А со пресметките меѓу Турција и Велс (18 часот) и Италија и Швајцарија (21 часот).

Би можело да ве интересира

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски

Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Жарко Настоски

Англија се избори за своето прво финале на европските првенства

Жарко Настоски

Италија по четврти пат е во финалето на европските првенства

Жарко Настоски