Фудбалерите на Франција на гостувањето во Киев одиграа нерешено 1-1 против Украина и ја продолжија серијата без триумф, која трае уште од првиот натпревар на ЕУРО2020, додека Данска со победата од 1-0 над Фарски острови остана единствената репрезентација во Европските квалификации за Светското првенство 2022, која сè уште не примила гол, а има максимален ефект.
Украина поведе во 44 минута преку Мукола Шапаренко, додека Ентони Марсијал во 50 минута донесе израмнување на резултатот за Франција.
До крајот на натпреварот немаше голови, со што Украина одигра нерешено и во петтиот натпревар во мундијалските квалификации.
Франција е првопласирана во групата Д со девет бодови, но Финска со два натпревари помалку има пет бодови.