Франција ја постигна третата победа на Евробаскетот, Паркер прв на вечната листа на стрелци

Од:

Европскиот првак Франција ја постигна и третата победа на Европското првенство откако синоќа ја совлада Полска во резултатски неизвесен натпревар.

На овој дуел бекот на „триколорите“ Тони Паркер постигна 16 поени и со првиот кош на дуелот стана најефикасен играч на шампионатите поминувајќи ја границата од 1.030 поени. Досега на врвот на вечната листа на стрелци беше Никос Галис.

Во рамките на Д групата првите порази ги „запишаа“  Чешка и Литванија, додека во групите А и Д по три одиграни натпревари без победа се: Русија и Украина.

Во драматичен натпревар Босна и Херцеговина го победи Изреал со 86:84 по продолжение. Најпрвин Елмедин Кикановиќ со звукот на сирената постигна „тројка“ за продолжение 75:75, а потоа истиот играч на две десетинки докрајот на продолжението постигна кош за прва победа на Босна и Херцеговина.

Резултати на натпреварите од 3.коло.

А група:

Финска – Русија 81:79,
Израел – БиХ 84:86 (75:75),
Франција – Полска 69:66.

Табела: Франција 3-0 (победи-порази), Израел 2-1, Полска 2-1, Финска 1-2, БиХ 1-2, Русија 0-3.

Д група:

Литванија – Белгија 74:76,
Чешка – Летонија 65:72,
Украина – Естонија 71:78.

Табела: Чешка 2-1, Белгија 2-1, Литванија 2-1, Летонија 2-1, Естонија 1-2, Украина 0-3.

Денеска е слободен ден во групите А и Д, а се играат натпреварите од групите Б и Ц.

Б група двојки 3.коло: Србија – Исланд, Германија – Турција и Шпанија – Италија.

Ц група двојки – 3.коло: Словенија – Холандија, Грузија – Грција, Хрватска – Македонија.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска