На шест кола до крајот во германската Бундес лига, екипата на Фрајбург по синоќешната победа над Хановер изби на 5.место со исто бодови колку и Шалке које е четврти, но со натпревар помалку.
Во првиот натпревар од 29.коло синоќа на свој терен Фрајбург го совлада Хановер со 3:1, победа која го остава во игра за освојување на место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите.
Денеска на распоредот се шест средби: Баерн Минхен – Нирнберг, Волфсбург – Хофенхајм, Мајнц – Хамбургер, Гројтер Фурт – Борусија Дортмунд, Фортуна Дизелдорф – Вердер и Шалке – Баер Леверкузен.
Последните два натпревара од 29.коло ќе се одиграат утре: Штутгарт – Борусија Менхенгладбах и Аугсбург – Ајнтрахт.
Табела: Баерн Минхен 75 бодови, Борусија Дортмунд 55, Баер Леверкузен 49, Шалке 45, Фрајбург 45, Ајнтрахт 42, Борусија Менхенгладбах 41,…