Уругвајскиот интернационалец во редовите на Јувентус, Мартин Касерес заработил повреда на главата во сообраќајна несреќа и се очекува неколку недели да биде надвор од теренот иако не се работи за посериозна повреда.
25-годишниот Касерес веднаш бил префрлен во болница каде што во тек се серија испитувања.
„Мартин Касерес беше однесен во медицинскиот центар во Торино откако беше учесник во сообраќајна несреќа во неделата наутро” – стои во соопштение на Јувентус.