ФОТО: Арпад Штербик пристигна во Скопје

Од:

Засилувањето на Вардар, голманот Арпад Штербик го имаше првото официјално запознавање со Скопје и екипата во која треба во иднина да настапува.

Актуелниот репрезентативец на Шпанија, а поранешен и на Србија неколку дена престојува во Скопје со цел да се запознае со условите, со салата во која ќе игра клубот, како и да види каде ќе биде сместен со семејството.

Најголемата ѕвезда во Вардар, има доста пријатели со кои во минатото одржувал врски, а сега и лично беше со сите на кафе муабет. Срдечен, скромен и ненаметлив, Штербик беше на мета и на многумина граѓани кои го препознаа додека се шеташе низ Скопје.

Сите му посакаа добредојде, и да има успеси во „црвено-црниот“ дрес, подеднакво како и со Барселона и Сиудад Реал.

Штербик е дел од новите засилувања на Вардар за в година каде се уште и Лацковиќ, Горбок и Шишкарев. Вардар в година ќе го брани трофејот во СЕХА лигата и домашниот Куп.

Фото ekipa.mk

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП