Фортуна убедлива против Ајнтрахт

Од:

Во првиот натпревар од 15.коло од Бундес лигата одигран синоќа во Дизелдорф, домаќинот Фортуна со 4:0 го совлада Ајнтрахт, екипа која полека го губи чекорот со тимовите од врвот на табелата.

Стрелци на головите беа: Штефан Рајсингер (32.минута), Оливер Финк (42.минута), Нандо Рафаел (58.минута) и Аксел Белингхаусен (85.минута).

Дербито на колото се игра денеска од 18 часот и 30 минути кога Баерн Минхен го пречекува шампионот Борусија Дортмунд.

На другите денешни натпревари од оваа рунда двојките се: Аугсбург – Фрајбург, Шалке – Борусија Менхенгладбах, Мајнц – Хановер, Гројтер Фурт – Штутгарт, Баер Леверкузен – Нирнберг.

Утре играат: Хофенхајм – Вердер и Волфсбург – Хамбургер.

Табела: Баерн Минхен 37 бодови, Баер Леверкузен 27, Борусија Дортмунд 26, Шалке 24, Ајнтрахт Франкфурт 24,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска