Во германската Бундес лига од денеска до недела на програмата се натпреварите од 15.коло кое ќе биде отворено вечерва од 20 часот и 30 минути со натпреварот Фортуна Дизелдорф – Ајнтахт Франкфурт.
Дербито на колото ќе се игра утре од 18 часот и 30 минути во Минхен, каде лидерот на табелата Баерн Минхен го пречекува шампионот Борусија Дортмунд.
Претходно, од 15 часот и 30 мунути ќе играат: Шалке – Борусија Менхенгладбах, Баер Леверкузен – Нирнберг, Мајнц – Хановер, Аугсбург – Фрајбург и Гројтер Фурт – Штутгарт.
Двојките за в недела ги сочинуваат, Хофенхајм – Вердер и Волфсбург – Хамбургер.
Табела: Баерн Минхен 37 бодови, Баер Леверкузен 27, Борусија Дортмунд 26, Шалке 24, Ајнтрахт 24,.