По одигрувањето на последниот од четвртфиналната фаза на Светското фудбалско првенство за играчи до 17 години, познати се учесниците во полуфиналето.
Домаќинот на Мундијалот, Бразил ноќеска ја совлада Италија со 2:0 и последен избори пласман во големата четворка.
Претходно, исто така во Гојана, Франција ја декласира Шпанија со 6:1.
Двојки за полуфиналето:
Мексико – Холандија (14 ноември)
Франција – Бразил (15 ноември).