Аријана Фонтана го освои златниот медал, во трката на 500 метри во брзо лизгање, на кратки патеки. Фонтана, го одбрани златото од Пјонгчанг со резултат 42.488 секунди.
Фонтана на Италија и го донесе првиот златен медал на Игрите во Пекинг. Претходно спортистите од оваа земја освоија три сребрени и еден бронзен медал.
Второто место на денешната трка го освои, Сузан Схултинг (42.559) од Холандија, додека бронзата и припадна на Канаѓанката, Ким Бутен (42.724). Бутен и на минатите игри во оваа дисциплина го освои третото место.