Фонсека ќе ја напушти Рома по завршување на сезоната

Од:

Тренерот Пауло Фонсека ќе си замине од Рома по крајот на сезоната 2020/21. Клубот од Рим ја потврди оваа информација преку соопштение.

– Во име на сите во Рома, би сакале да му се заблагодариме на Пауло Фонсека за напорната работа и лидерството покажано во текот на овие две години. Пауло го водеше тимот низ низа предизвици, вклучувајќи ја пандемијата „Ковид-19“ и промената на сопственоста, и тоа го стори со дарежливост, правичност и одлучност. Му посакуваме се најдобро во неговите идни ангажмани, изјави Дан Фридкин, претседател на УО на клубот.

Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Маурицио Сари ќе го замени Португалецот на тренерската позиција.

Би можело да ве интересира

Роналдо ја доби најлошата оценка за мечот на Јувентус против Милан

Ана Ололовска

Пирло наскоро може да добие отказ од Јувентус

Ана Ололовска

Пиоли: Против Јувентус покажавме дух на пожртвуваност

Ана Ололовска

Лукаку: На Серија А и се потребни играчи од типот на Ибрахимовиќ и Роналдо

Ана Ололовска

Пјаниќ може да оди во Челзи или Интер

Ана Ололовска

Лукаку: За Конте, ќе се борам до смрт

Ана Ололовска