Фиорентина го совлада Лацио

Од:

Екипата на Фиорентина постигна победа со 3-2 против Лацио, во дуелот со кој беше отворено 36.коло на италијанското фудбалско првенство.

Иако гостите од Рим поведоа први преку Диао Кеита (55.минута), сепак „виолетовите“ брзо се вратија во игра и преку Кума (67) израмнија на 1:1. Во продолжение домаќинот стигна до предност од два гола, откако Никола Калиниќ (73) ги донесе во водство, а три минути подоцна (76) Кристијано Ломбарди си постигна автогол. До крајот на средбата Лацио преку Алесандро Мургиа (81) само успеа да го ублаќи поразот.

Вечерва се игра средбата Аталанта – Милан, додека другите натпревари од оваа рунда, а во нив се среќаваат: Интер – Сасуоло
Торино – Наполи
Сампдорија – Киево
Палермо – Џенова
Кротоне – Удинезе
Каљари – Емполи
Болоња – Пескара
Рома – Јувентус

Табела: Јувентус 85 бода, Рома 78, Наполи 77, Лацио 70, Аталанта 65, Милан 59, Фиорентина 59, Интер 56

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска