Раководството на актуелниот кошаркарски првак на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром донесе одлука финалните натпревари од плејофот против Карпош Соколи да се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Воедно во МЗТ Скопје донесоа одлука, влезниците за овие дуели да се продаваат по цена од 100 денари. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а како и досега ќе може да се купат на билетарницата при СЦ „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.
Првиот меч во серијата подобар до три победи ќе се игра во недела 14 мај, со почеток од 18 часот.