Финале во Лига Европа за Бенфика и Севиља

Од:

Екипите на Бенфика и на Севиља се изборија за пласман во финалето од Лига Европа што ќе се игра на 14.мај во Торино. По реванш полуфиналните натпревари двата тима беа поуспешни од ривалите Јувентус односно Валенсија.

На дуелот меѓу Јувентус и Бенфика во Торино немаше голови – 0:0, па така Бенфика ја задржа предноста од првиот дуел и победата од 2:1. За Бенфика ова претставува повторување на ланскиот резултат кога беа истотака финалисти и загубија од Челзи. Јувентус испушти можност финалето да го игра на домашен терен.

Многу повеќе возбудувања имаше на стадионот „Местаља“ во Валенсија во шпанската пресметка. Севиља имаше предност од првиот дуел од 2:0, но Валенсија успеа да ја анулира со трите голови и водството од 3:0.

Стрелци за Валенсија беа: Софијан Фегули (14.минута), Бето (26 – авгогол) и Жереми Матје (69). Во судиското надополнување на вториот дел (90+4 минута) гол за пласман во финалето за Севиља постигна Стефан Мбиа.

Вкупниот резултат на дуелот Валенсија – Севиља е 3:3, а благодарение на голот на гости Севиља се пласира во финалето.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска