ФИФА отвори дисциплинска постапка против Еквадор

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплинска постапка против Еквадор. Навивачите на Еквадор, на отворањето на СП против Катар, пееле навредливи песни.

ФИФА не прецизираше за кои навивачи песни станува збор, само објави дека презема мерки според член 13 од Дисциплинската регулатива, која казнува „навреда на достоинството или интегритетот на земја, личност или група со употреба на непријателски, дискриминаторски или навредливи зборови“.

Таа меѓународна организација го казнува ваквото прекршување со „суспензија од десет натпревари“ во случај на играч или официјално лице, како и парична казна „од најмалку 20.000 швајцарски франци“ (20.400 евра) и натпревар зад затворени врати доколку казната се однесува на некоја национална федерација.

Тоа е прва дисциплинска постапка на Светското првенство во Катар, кое почна во недела, а завршува на 18. декември.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА