ФИФА не и дозволи на Клаудија Леите да се слика во дрес на „Барса“

Од:

ФИФА и забрани на бразилската пејачка Клаудија Леите да се фотографира во дресот на фудбалскиот клуб „Барселона“, затоа што спонзорите на овој шпанскиот прволигаш се конкуренти на главните финансиери на Светската фудбалска организација, објави денеска бразилскиот весник „Фоља де Сао Паоло“.

Леите, која на вчерашното отворање на Светското првенство во Сао Паоло заедно со Џенифер Лопез и раперот Питбул ја изведе  службената химна на првенството „We are one“, била облечена во дрес на „Барселона“ на една промоција на Мундијалот.

На крајот на промоцијата Леите била замолена е да се фотографира во дресот на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, кој е играч на „Барселона“. Но, во моментот кога сакала да го облече дресот на „Барса“, реагирале делегатите на ФИФА, укажувајќи и дека на дресот се означени спонзорите на каталонскиот клуб „Најк“ и „Катар Ервајс“, кои се конкуренти на спонзорите на Светското првенство „Адидас“ и авиокомпнаија „Емиратс“.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он