ФИФА ќе донира два милиони долари за поплавените стадиони во регионот

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе донира два милиони долари за обнова на фудбалската инфраструктура во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, оштетена неодамна од големите поплави кои го зафатија регионот.

Оваа одлука ФИФА ја донесе денеска на конгресот во Сао Паоло во пресрет на Светското првенство во Бразил.

– Одборот за финансирање ќе издвои два милиони долари како донација за санирање или повторна изградба на оштетената инфраструктура во балканските земји кои беа поплавени, стои меѓу другото во заклучокот на конгресот на ФИФА.

64.от конгрес го отворија претседателот на ФИФА Сеп Блатер и бразилскиот министер за спорт Алдо Ребело.

На овој собир учествуваат 209 делегати од сите членки на светската организација. Фудбалската федерација на Македонија е претставувана од претседателот Илчо Ѓорѓиоски и генералниот секретар Димитар Зисовски.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА