ФФМ официјално побара одложување на натпреварот Македонија – Косово

Од:

Фудбалската федерација на Македонија официјално со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот Македонија – Косово од полуфиналето во плејофот за пласман на Европското првенство, закажан за 26 март на Националната арена во Скопје.

Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите, ФФМ го потенцира проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од македонската репрезентацијата, односно евентуалната изолација/карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на коронавирусот.

„Токму поради овие вонредни причини, Фудбалската федерација на Македонија е во постојана и интензивна комуникација и со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје и во целост се придржуваме кон нивните препораки, донесените мерки или забрани.  Исто така, по консултации со претставници на Фудбалските федерации на Грузија и Белорусија, една од двете држави кои беа одредени за домаќини на финалниот натпревар од Лига на нации на 31. март за пласман на ЕУРО 2020, неофицијалните информации велат дека е можно, репрезентацијата која би обезбедила пласман во финалето, да се соочи со одредени мерки на претпазливост за здравствена заштита при влез во една од државите. И во однос на ова, ФФМ, исто така е во постојан контакт со споменатите федерации и УЕФА“, соопшти ФФМ.

Согласно последните препораки и забрани од Владата за превенција од коронавирусот, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици, информираат од федерацијата.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ