ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Од:

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) одлучи и покрај ужасниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, сите натпревари да се играат според предвиденото, со препорака на жртвите да им се оддаде почит на достоинствен начин.

Така пред секој натпревар се одржуваше едноминутно молчење, а фудбалерите носеа црни цветови околу ракавите. Ништо поразлично не беше ниту на натпреварот од третата лига помеѓу Рот Вајс Есен и вториот тим, Штутгарт.

Фудбалерите пред почетокот на натпреварот се собраа во центарот за да ги испочитуваат споменатите правила, а потоа започна едноминутно молчење.

Додека траеше, некој од трибините ја извикна паролата што можеше да се слушне и на десничарскиот антимиграциски протест во Магдебург во последните денови:

„Германија за Германците“.

Тоа не им се допадна на другите навивачи, па речиси веднаш целиот стадион му одговори на споменатиот навивач.

„Нацистите надвор“.

Натпреварот помеѓу споменатите екипи заврши со поделба на бодовите, беше 2:2. Леонардо Вониќ и Џанлука Свајковски погодија за домашните, а Елиот Бујупи и Луан Симница за гостите.

РВ Есен моментално е на 18-тото место на табелата на третиот ранг на германскиот фудбал со 17 бодови од 19 одиграни натпревари, додека другиот тим Штутгарт е 16-ти со три бода повеќе.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он