Фетел пред Раиконен на стартот на руското Гранд-при

Од:

Двата болиди на Ферари ќе започнат од првиот стартен ред на утрешната трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Русија.

На во Сочи, двајцата возачи на Ферари имаа најдобри времиња во денешните квалификации. Германецот, Фетел патеката ја мина во време од 1:33.194 минути, а неговиот тимски колега Кими Раиконен извозе во време 1:33.253.

Од вториот стартен ред руското Гранд-при ќе го започнат пилотите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, додека меѓу болидите на Реад Бул од шестата стартна позиција ќе започне Филипе Маса (Вилијамс), зад Даниел Рикјардо, а пред Макс Верштапен.

Во пресрет на четвртата трка сезонава чиј старт утре е закажан за 14 часот, лидер во Генералниот пласман е Себастијан Фетел со 58 бодови, седум повеќе од Хамилтон, а по нив следуваат Финците, Ботас со 38 и Раиконен со 34.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин