Фетел не ги гледа Ред Бул како закана во Монако

Од:

Ред Бул може и да доминираа целосно во првите два слободни тренинзи во Монако, но Себастијан Фетел верува дека тие можат да бидат победени в недела.

Германецот ја заврши вчерапната втората сесија на тренигот за Големата награда на Монако во „Формула 1“ веднаш зад болидите на „биковите“.

– Ред Бул секогаш изгледаат силни на слободните тренинзи. Ќе видиме дали нивната презентација ќе биде како и обично. Мислам дека ние не треба да ги гледаме нив, тука да се фокусираме на себе и да си ја напишеме домашната, категоричен е Себ.

Фетел немаше поплаки до Ферари по првите две тренинг сесии.

– Ми беше доста удобно во автомобилот и јас сум задоволен од тоа како помина денот. Ова е доста позабавна патека од останатите. Трасата не дозволува да правиш грешки. Јас сум сигурен дека не го достигнав својот лимит и знам дека ќе бидеме уште побрзи, додаде четирикратниот шампион.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин