Фетел најбрз на првиот тренинг на „Хунгароринг“

Од:

Трикратниот светски првак во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел беше најбрз на денешниот прв тренинг одржан на патеката „Хунгароринг“.

Фетел од „Ред Бул“ постигна време од 1.22,723 минути што претставува најбрзо извозен круг.

Второ време оствари неговиот клупски колега Марк Вебер кој доцнеше зад Фетел 26 стоти делови од секундата.

Кими Раиконен од „Лотус“ беше трет со 29 стотинки зад најбрзиот.

Четвртата позиција му припадна на Фернандо Алонсо (Ферари), а местата кои би се освоиле во квалификациите и кои обезбедуваат старт од третиот ред ги освоија Роман Грожан (Лотус) и Џенсон Батон (Мекларен).

На денешниот тренинг болидите на „Мерцедес“ возеа со новата компонента на пневматиците „Пирели“. Нико Розберг заврши на 8.место, а Луис Хамилтон на 13.

Главната трка од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Унгарија ќе се вози в недела со почеток во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин