Фергусон по менаџерската ќе ја добие директорската функција

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон и покрај неговата возраст најави нова активност во фудбалот по напуштањето на тренерското место.

71-годишниот Шкот изразил желба откако ќе ја заврши тренерската кариера да седне на директорското место во клубот во кој што работи од 1986 година.

Фергусон имаше неколку најави за пензионирање, но во последно време таа опција ја става на страна.

– Од мене ви нема спас. Најверојатно ќе ја добијам функцијата директор по завршување на тренерската кариера. А кога ќе се случи тоа никој не знае, па ни јас, истакна Фергусон.

Тој нагласи дека кога ќе одлучи да се повлечи од менаџерското место во Манчестер Јунајтед, ќе го искаже своето мислење околу изборот на негов наследник, но последниот збор ќе го има раководството на клубот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска