Фергусон ќе добие статуа од Јунајтед

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ќе добие статуа пред Олд Трагорд, по повод 26-годишнината од неговото деби на клупата на „црвените ѓаволи“.

Статуата ќе биде откриена на 23-ти ноември, ден пред дуелот на Јунајтед со Квинс Парк Ренџерс, против кои 70-годишниот Шкот дебитирал на клупата на 22-ри ноември 1986-та година.

Фергусно го презел Јунајтед на денешен ден, 6-ти ноември, пред 26 години и без размислување е еден од најуспешните менаџери во Британија, водејќи ги „црвените ѓаволи“ до 12 титули во Премиер лигата, две во Лигата на шампионите, пет трофеиј во ФА купот.

Пред да дојде во Јунајтед, Фергусон беше на клупата на шкотскиот Абердин, со кој го освои Купот на европските шампиони во 1983-та година со триумфот над мадридски Реал во финалето.

Статуата ќе биде поставена на истакнато место, во близина на влезот на северната трибина, која во негова чест од минатата година се вика Сер Алекс Фергусон.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска