Фени Индустри лесно до полуфиналето во „Лимак Купот на Македонија“

Од:

Лесна и убедлива победа на Фени Индустри над АВ Охрид од 112:69 во вториот четвртфинален натпревар од „Лимак Купот на Македонија“ што се игра во Кавадарци.

Домашните кошаркари од почетокот до крајот на мечот го диктираа темпото на играта и на крајот заслужено и очекувано стигнаа до убедлив триумф остварен со огромна предност од 43 коша.

Со добра одбрана и брза трансформација кавадарчани од минута во минута го зголемуваа водството за на крајот да стигнат до убедливата победа.

Фени Индустри во полуфиналето ќе го очекува победникот од мечот МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (почеток 20:30 часот).

Пред тој дуел во салата „Јасмин“ ќе играат Работнички и Куманово во третото четвртфинале.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он