Фенербахче се жали на судење на натпреварите од Евролигата

Од:

Раководството на Фенербахче протестираше до Евролигата поради судењето на натпреварите на истанбулскиот клуб. Соопштение за незадоволството од судењето е објавено на официјалната веб-страница на Фенербахче.

– Нашиот тим е еден од најзначајните учесници во Евролигата од 2006 година. Ние сме тим со највисоко ниво на лиценца. Се придржувавме до принципите на организација и кога исходот на играта зависеше од одлуките на судиите. Сепак, судиските грешки продолжија и оваа година, а клубот тоа го смета за неприфатливо. Исходот на последните три натпревари на Фенербахче во Евролигата беше одреден со судиските одлуки донесени во критичен момент од играта. Честопати овие одлуки се контроверзни. Фенербахче е една од главните кошаркарски организации во Европа, една од најбогатите, најконкурентните и напредните во Евролигата. Клубот нема да трпи нефер судење, стои во пораката на клубот.

Фенербахче ја започна сезоната во Евролигата со две победи и четири порази, некои од нив по очигледни грешки на судиите со одлуки на штета на турскиот тим.

Би можело да ве интересира

Хорор сцени во Турција: Навивачите на Трабзон ги нападнаа играчите на Фенербахче додека славеа победа во дербито

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај пречекани како национални херои во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Душан Тадиќ потпиша за Фенербахче

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Од трибините го погодија голманот на Севиља, го заврши дуелот со конци на главата

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска