ВИДЕО: Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај пречекани како национални херои во Истанбул

Од:

Фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче беа пречекани како херои по враќањето од Саудиска Арабија во Истанбул. Сцените од аеродромот во раните утрински часови се нереални.

Галатасарај и Фенербахче не се појавија на теренот во Саудиска Арабија каде требаше да се одигра натпреварот од Суперкупот на Турција. Тие одбија да го одиграат натпреварот откако организаторите забранија да му се оддаде почит на „Таткото на Турција“, Кемал Ататурк.

Поради ова, гигантите од Истанбул донесоа заедничка одлука, наместо да одат на стадионот во Ријад, фудбалерите на двата тима се упатија кон аеродромот и си заминаа дома.
Фудбалерите на Галатасарај и на Фенербахче пристигнаа во Истанбул во раните утрински часови.

Тоа не ги спречи илјадниците фанови да им посакаат добредојде и јасно им порачаа дека тие се хероите на нацијата.

„Турција се гордее со вас“, одекнуваше од сите страни со навивањето на жестоките навивачи на двата турски гиганти.

Настаните во Саудиска Арабија целосно ги обединија двата најголеми турски клуба. Никој не се надеваше на тоа по жестоките зборови што ги имаа меѓу нив пред само неколку дена, но ова е доказ дека нивната земја е пред сѐ.

Галатасарај и Фенербахче излегоа со заедничко соопштение по откажувањето на натпреварот. Пораката е дека натпреварот ќе се одржи на друго место.

„Со цел да ја прославиме 100-годишнината од нашата Република и Турската фудбалска федерација, го организиравме финалниот натпревар од Суперкупот во странство.

Натпреварот беше планиран да се одигра во петок на 29 декември 2023 година, но натпреварот беше одложен за подоцнежен датум поради заедничка одлука што ја донесовме поради одредени нарушувања во организацијата“, се вели во соопштението на големите ривали.

Каква хармонија владее во Турција во овој случај, јасно покажува и сцената дека третиот гигант од Истанбул, Бешикташ, го понуди својот стадион за да се одигра натпреварот.

Одлуката на Фудбалскиот федерација на Турција за датумот на натпреварот ќе биде позната многу брзо и многу е можно тој да се случи непосредно пред почетокот на вториот дел од сезоната.
Сепак, федерацијата ќе има големи проблеми затоа што ќе треба да исплати 40 милиони евра отштета на организаторите во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Хорор сцени во Турција: Навивачите на Трабзон ги нападнаа играчите на Фенербахче додека славеа победа во дербито

Предраг Петровиќ

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Душан Тадиќ потпиша за Фенербахче

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Од трибините го погодија голманот на Севиља, го заврши дуелот со конци на главата

Спектакуларна кореграфија на навивачите на Галатасарај

Хамес Родригез се сели во Галатасарај?