Кејтлин Фарингтон од САД стана олимписка шампионка во дисциплината сноуборд „халфпајп“ откако имаше најдобра втора трка и со 91.75 поени го златото пред олимписките победнички од Ванкувер и од Солт Лејк Сити.
Сребрениот медал го освои Тора Брајт од Австралија, која беше најдобра во Ванкувер, а тука имаше само 0.25 поени помалку од Фарингтон. Бронзениот медал го освои Американката Кели Кларк, кој беше прва пред 12 години во Солт Лејк Сити. Сите три натпреварувачки кои се најдоа на подиумот во втората трка имаа подобар резултат.