Фалкао: Во Монако ќе останам подолг период

Од:

Репрезентативецот на Колумбија Радамел Фалкао кој во летниот преоден рок направи трансфер од Атлетико Мадрид во Монако за француските медиуми изјави дека планира во новата средина да остане подолг период.

– Не е точно дека во Монако сум само на кратко. Овој клуб го избрав поради долгорочните планови и поради тоа што сакам сериозни предизвици, изјави Фалкао.

Тој открива дека неговиот сонародник Фреди Гуарин ќе му прави друштво во новиот клуб.

– Се надевам дека Гуарин доаѓа во Монако и тоа многу ме радува. Со него бевме соиграчи во Порто каде имавме успешни настапи и верувам дека ќе биде така и во Монако, рече Фалкао.

За трансферот на Колумбиецот Монако плати 45 милиони евра на неговиот поранешен клуб, а на Фалкао ќе му исплаќа годишна плата од 12 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска