Ѕвездата на Атлетико Мадрид Радамел Фалкао потврди дека и следната сезона ќе остане на Висенте Калдерон.
Независно што неговото име се поврзува со евентуален трансфер во Челзи или Манчестер Сити, Колубиецот својата фудбалска иднина ја гледа кај актуелниот освојувач на Лига Европа.
„Во предходната сезона во Примера дадов 36 погодоци што вооошто не е лесно. Сега моите амбиции растат. Сакам да го подобрам ова постигнување“, изјави Фалкао на прес конференција во Богота пред контролната средба на Атлетико со локалниот Милионариос.