Фалкао на продажба

Од:

Најдобриот играч на Монако, колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао е ставен на трансфер листата, пишуваат медиумите во Франција. Како главна причина за продажбата на Фалкао се наведува неговото не совпаѓање во формацијата 4-3-3, омилена кај новиот тренер на екипата Леонардо Јардим.

Се шпекулира дека клубот од Кнежеството е подготвен веднаш да го отстапи својот напаѓач на оној кој е понуден да плати 60 милиони евра.

Како најзаинтересирани за ангажман за Фалкао се спомнуваат европскиот првак Реал Мадрид и премиерлигашот Арсенал.

Колумбиецот не настапува на Светското првенство поради повреда на коленото на почетокот од годинава за време на натпревар од францускиот куп. Над Фалкао беше извршена операција и се очекува подготвен да ја дочека новата сезона.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска