Франција е прекрасна земја, а ПСЖ има амбициозен проект, па не е исклучено наскоро и почесто да се гледаме, истакна Фалкао, најдобриот играч на Атлетико Мадрид. Со оваа изјава дадена за една француска телевизија, Фалкао навести негово преоѓање во ПСЖ.
26-годишниот напаѓач, од доаѓањето во Ателтико Мадрид пред една и пол сезона, веќе има постигнато 57 голови. Неговата вредност клубот ја проценува на 60 милиони евра, 20 повеќе од платеното тој да биде играч на екипата од „Висенте Калдерон“.
Со евентуалната преселба на Фалкао во Париз, ПСЖ би добил тендем во нападот, Ибрахимовиќ-Фалкао со кој би бил конкурентен во борбата за титулата во Лигата на шампионите.
Освен ПСЖ, интерес за Фалкао досега покажуваат и Челзи и Реал Мадрид.