„Фајнл фор“ во ракометната Лига на шампионите

Од:

Најдобрите четири екипи во ракометната Лига на шампионите, од оваа сезона, денеска и утре ќе ги одиграат натпреварите на „фајнл фор“ турнирот во Келн.

Во првото полуфинале со почеток во 15:15 часот ќе се соочат двете германски екипи Берлин и Кил. Веднаш по нив во 18 часот во второто полуфинале ќе играат Атлетико Мадрид и Копенхаген.

„За Атлетико Мадрид титулата во Лигата на шампионите е најголемата титула што воопшто постои во ракометниот свет. Се надевам дека ќе не следи спортска среќа оваа сезона.

Максимално подготвени ќе го дочекаме „фајнл фор“ турнирот и ќе дадеме се од себе да имаме подобар резултат од лани кога бевме финалисти. Целта ни е да ја освоиме Лигата на шампионите изјави нашиот Кирил Лазаров кој во моментот е и најдобриот стрелец во Атлетико Мадрид, трети во Лигата на шампионите.

Утре на програмата во „Ланксес Арена“ се натпреварите за пласман. Од 18 часот е финалето, а од 15:15 часот натпреварот за 3.место.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ