Фабио Силва стана најмлад стрелец во историјата на Порто

Од:

Порто со сигурни 5:0 го совлада третолигашот Коимброеш во фудбалскиот Куп на Португалија, а еден од головите беше дело на Фабио Силва, кој стана најмладиот стрелец во историјата на трофејниот клуб.

Силва е роден во 2002 година, има 17 години и три месеци. Тој погодокот го постигна во 81. минута. Младиот фудбалер беше во почетниот состав, и ја искористи добиената шанса. Тоа е четврти клупски рекорд, што го постави тинејџерот.

Претходно, Силва стана најмлад играч на Порто кој заиграл во португалската лига, во Лигата на шампионите, и најмлад поединец кој бил во почетниот состав на официјален меч. Тој доминира во младинските категории, две сезони по ред дава повеќе од 30 голови, па затоа сега полека добива шанса и во првиот тим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска