ФА: Курс по британска култура за странски фудбалери

Од:

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) планира да воведе курс по британска култура за играчите кои доаѓаат од странство со цел да се спречат инциденти врз расна основа.

На овој начин ФА сака да поактивно да се вклучи во борбата против расизмот, како што тоа го побара и британскиот премиер Дејвид Камерон, јави Би-Би-Си.

Би-Би-Си имал увид во документот под име „Инклузија во англискиот фудбал и анти-дискриминациски акционен план“, кој содржи 93 точки.

Документот предвидува сите клубови во договорите со играчите и менаџерите да воведат задолжителна анти-дискриминациска клаузула.

Курсот, како што наведува Би-Би-Си, ќе помогне голем број странци подорбо да го разберат начинот и културните правила во Англија и цела Велика Британија.

Моментално во клубовите во Премиер лига над 60 отсто од играчите се странци, додека во Чемпионшип овој удел е околу 20 проценти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска