Езерското дерби оваа сабота во Струга

Од:

Оваа сабота во 16:30 часот стружани и сите љубителите на ракометот ќе можат да го проследат езерското дерби помеѓу екипите на РК Струга и РК Охрид во салата ,,Нико Нестор“ во Струга.

Екипата на Струга веќе неколку кола се наоѓа на врвот на табелата, а екипата на Охрид заостанува со минимални 3 бода негатива.

Најавено е присуство на двете навивачки групи ,„Паткари“ од Струга и „Рибари“ од Охрид а раководството на РК Струга го прогласи езерското дерби за натпреварот од голем ризик и укажуваат на фер и корекно навивање и без провокации.

Навивачката група „Паткари“ најавија дека ќе ги бодрат своите играчи, а стружани и сите љубители ги поканија да дојдат и да го проследат езерското дерби и да ја бодрат РК Струга која оваа година има за цел влез во Супер лигата.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ