Евролига ги тужи ФИБА и ФИБА Европа

Од:

Продолжува „војната“ на релација меѓу двете кошаркарски организации Евролига и ФИБА. Откако минатата пролет ФИБА најави дека ќе организира мулти-милионски проект во кој ќе партиципираат најдобрите европски клубови, налик нма фудбалската Лига на шампиони, препукувањата на релација евролига-ФИБА зачестија во последен период, по што од седиштето на Евролига најавија дека правдата ќе ја бараат пред судовите.

На својата официјална веб страница, Евролига денеска објави дека поднела тужба против ФИБА и ФИБА Европа поради, како што стои во соопштението, нелегални мерки кои овие организации ги преземаат за да ги одвратат клубовите од учество во елитното кошаркарско натпреварување.

Имено, ФИБА се обиде преку закани за санкции да придобие дел од членките на Евролига, а во последниот период и успеа во тоа бидејќи Франција и Турција и ја дадоа поддршката.

Во соопштението на Евролига се вели: „Евролига поднесе тужба пред Европската комисија против ФИБА и ФИБА Европа поради притисоци кои овие организации ги извршија на дел од клубовите со цел тие да ги напуштат натпреварувањата чиј дел се од 2000 година. Очекуваме на клубовите, играчите и судиите да им биде гарантирано правото на слободен избор. ФИБА ги крши законите на Европската Унија и се обидува да стекне предност на пазарот повикувајќи се на своите правилници иако тие не важат за клубовите за кои станува збор”.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска