Евробаскет: Италија поуспешна од Шпанија

Од:

Репрезентацијата на Италија успеа да направи изненадување со триумфот синоќа над Шпанија на дуелот од 3.коло од групата Б што во рамките на Евробаскетот се игра во Берлин.

Во најефикасниот дуел на шампионатот Италија ја победи Шпанија со 105:98. Ова за Италија беше втора победа.

Резултати од 3.коло од група Б:

Италија – Шпанија 105:98,
Србија – Исланд 93:64,
Германија – Турција 75:80.

Табела: Србија 3-0 (победи-порази), Турција 2-1, Италија 2-1, Шпанија 1-2, Германија 1-2, Исланд 0-3.

Резултати од 3.коло од групата Ц:

Хрватска – Македонија 73:55,
Грузија – Грција 68:79,
Словенија – Холандија 81:74.

Табела: Грција 3-0, Хрватска 2-1, Словенија 2-1, Холандија 1-2, Македонија 1-2, Грузија 0-3.

Денеска се игра комплетното 4.коло, а двојките се:

Босна и Херцеговина – Финска, Полска – Израел, Франција – Русија (А група);

Турција – Србија, Италија – Германија, Исланд – Шпанија (Б група);

Грција – Словенија, Македонија – Грузија, Хрватска – Холандија (Ц група);

Белгија – Чешка, Летонија – Украина и Естонија – Литванија (Д група).

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска