Евертон размислува да го врати Мојс

Од:

Поранешниот менаџер на Евертон, Дејвид Мојс, може да се врати во премиерлигашот од Ливерпул. Шкотланѓанецот е една од опции за можен заменик на Роналд Камман, објавија англиските медиуми.

Во моментов „Карамелите“ не играат на очекувано ниво и се повеќе се шпекулира дека холандскиот стручњак ќе биде отпуштен.

Мојс помина 11 години на „Гудисон парк“ пред да замине во Манчестер Јунајтед како заменик на Сер Алекс Фергусон. Меѓутоа, таму не успеа, а потоа имаше и не многу успешни периоди на чело на Реал Сосиедад и Сандерленд. Сепак, 54-годишниот ментор продолжува да биде многу популарен кај раководството на Евертон.

За последен пат, името на Мојс беше поврзувано со селекторската позиција во Шкотска, но тој претпочита да работи во клуб и евентуален предлог од Евертон веројатно тешко дека ќе го одбие.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска